Утрински Весник
Свет

Трифунов ќе испраќал „северномакедонски астронаут“ во НАСА, Борисов вели дека така се случува „Војна на ѕвездите“

Трифунов ќе испраќал „северномакедонски астронаут“ во НАСА, Борисов вели дека така се случува „Војна на ѕвездите“

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ”, Слави Трифунов изјави дека ќе аплицира за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција и ќе испрати маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА, а со нив ќе испрати и „северномакедонски астронаут“.

„Ќе поднесеме апликација за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција затоа што само Бугарија не членува таму. Ќе направам се’ што е возможно, да испратам маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направам се’ што е возможно кон нив да се присоедини и еден северномакедонски астронаут. За да не гледаме надолу во земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре, кон ѕвездите“, изјави Слави Трифунов кој денеска најави формирање на влада.

Неговиот политички противник, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов порача дека тие не се занимавааат само со НАСА и астронаутите.

„Бугарин и северномакедонец во вселената – вака се случува Војна на ѕвездите“, се пошегува поранешниот бугарски премиер.

Засега трката меѓу Трифунов и Борисов по изборите е неизвесна. Според пребројаните 98,92 гласа, партијата на Трифунов има 23,91 отсто, додека ГЕРБ на Борисов – 23,69 отсто. Тоа значи дека разликата меѓу нив е само 5.908 гласа. Според Уставот, претседателот Румен Радев треба да му го даде мандатот на победникот, а доколку тој не успее да обезбеди мнозинство мандатот оди кај второпласираниот, па кај дел од останатите партии. Трифунов, претходно, во видео обраќање најави дека ќе формира експертска влада, без да фигурира во неа и без да коалицира со ниту една партија.

Можете да прочитате

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан