Утрински Весник
Македонија

Итен надзор во Цементарница по голем број на пријави од граѓани

Итен надзор во Цементарница по голем број на пријави од граѓани
Dik 300x250 mk

По големиот број пријави од граѓани, Државен инспектор за животна средина, вчера (11 јули) во присуство на Раководителот на инспекторатот на Град Скопје, изврши детална проверка на погоните во Титан Цементарница Усје за откривање на причините за емисиите на прашина кои се случија во изминатиот ден.

„ По проверката беше утврдено дека заради технички проблеми, емисиите настанале во постројката за производство на клинкер, при што се случило истекување на материјал од циклон во текот на интервенција за негово одглавување. Настанати се фугитивни емисии на прашина, што содржат варовник и лапорец, суровини што се користат за производство на клинкер.

Во моментот на инспекцискиот надзор, Титан Цементарница Усје Ад Скопје, со записник беше задолжена да достави листинг од континуираниот 24 часовен мониторинг на емисии од стационарните извори, согласно А-интегрираната еколошка дозвола за периодот од 09.07.2021 и 10.07.2021“ се наведува во извештајот.

Исто така, поради високите температури и атмосферски влијанија со ветер, Титан Цементарница Усје е задолжена секојдневно со вода од цистерни да врши прскање на внатрешната инфраструктура на цементарата и патот што води до ископот на лапорец над с. Усје.

Постапката за надзор е сѐ уште во тек.

Можете да прочитате

Пет илјади нови случаи со мозочен удар годишно има во државава, клучно е навремено препознавање на симптомите и одење во најблиска здравствена установа

Бајрам Реџепи ја демантира фотогафијата: Кандидатката на партијата Левица не беше присутна на таа вечера

Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива