Утрински Весник
Свет

Британскиот премиер ги осуди расистичките испади кон играчите на англиската репрезентација

Британскиот премиер ги осуди расистичките испади кон играчите на англиската репрезентација

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги осуди расистичките испади насочени против играчите на англиската репрезентација по поразот во финалето на Европското првенство во фудбал на мечот против Италија на „Вембли“.

„Овој англиски тим заслужува да се слави како херој, да не се навредува на расна основа на социјалните мрежи“, напиша Џонсон на Твитер по бесот на публиката против тројца англиски црни играчи кои промашија пенали.

„Тие кои се одговорни за таквата навреда мора да се срамат од себе“, додаде Џонсон.

Можете да прочитате

Иранците запалија џиновски транспарент со Трамп, Венс, Нетанјаху и Виткоф

Зеленски се надева дека победата на демократите во САД ќе ѝ помогне на Украина

Што ги поврзува поразите на Орбан, Вучиќ и Трамп?