Брус Ли почина во 1973 година на 32-годишна возраст од едем на мозок, а писма испратени до неговиот пријател холивудската ѕвезда Роберт Бејкер пред неговата смрт, откриваат дека тој бил таен корисник на дрога.
Писмата откриваат дека Бејкер го снабдувал Ли со кокаин, ЛСД и канабис од 1969 година до неговата прерана смрт.
Како што пренесува британски „Мирор, писмата се продаваат преку „Херитиџ аукции“ во Далас, кои ја потврдиле нивната веродостојност.
Портпарол на Heritage Auctions изјави: „Брус Ли е највлијателниот боречки уметник на сите времиња и икона на поп културата на 20 век, а овие писма покажуваат дека тој чувал експлозивна тајна“.
На аукцијата има повеќе рачно напишани писма од Брус до Бејкер, кој почина на 52 години во 1993, а во едно се гледа дека Брус бара кокаин, што ќе му помогне да се подготви за претстојниот филм.
Тој напишал: „Многу сум пијан, но работам на претстојниот лик … Малку кокаин би помогнал …“