Утрински Весник
Свет

11 лица загинале од гром додека правеле селфи во Индија

11 лица загинале од гром додека правеле селфи во Индија

Најмалку 11 лица загинаа, а неколку се повредени во удар на гром во градот Џаипур во северниот дел на Индија. Жртвите правеле селфи на дожд и бура на врвот на кулата во тврдината Амбер од 12 век, популарна туристичка атракција, пренесуваат тамошните медиуми.

За време на ударот на молњата, на кулата имало околу 27 лица, а некои од нив скокнале од високите ѕидови на земјата. Портпаролот на полицијата изјавил дека повеќето жртви биле млади лица.

Во неделата беа регистрирани уште девет смртни случаи од удари на гром низ индиската држава Раџастан, каде се наоѓа и Џајпур, јавуваат локалните медиуми.

Во Индија, сезоната на монсуни, која е полна со дожд, обично трае од јуни до септември.

Индиската метеоролошка служба објави дека смртните случаи од удари на гром во земјата се зголемени двојно од шеесеттите години на минатиот век а како една од причините за тоа ја наведоа и климатската криза.

Во 2018 година, во Андра Прадеш на југот од Индија, за само 13 часа биле забележани 36.749 удари од гром.

Можете да прочитате

Хаос во Париз: Маж со два кујнски ножа нападнал три жени, две се сериозно повредени

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина