Утрински Весник
Свет

Бајден побара од Путин да преземе мерки околу сајбер нападите

Бајден побара од Путин да преземе мерки околу сајбер нападите

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараа преку телефон, соопшти Белата куќа. Како што се наведува, двајцата лидери разговарале за сајбер безбедноста и за Сирија.

Американскиот лидер објави дека Вашингтон ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити своите луѓе и инфраструктурата од сајбер закани и побара од Русија да спречи активности на хакери на нејзина територија.

„ Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека претседателот (Владимир) Путин треба да преземе чекори за да ја спречи работата на хакерските групи. Знаеме дека (хакерите) REVil работи во Русија и во други земји. Немаме други информации дека Руската влада ги насочила овие напади“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Покрај тоа, Путин и Бајден ја пофалија работата на тимовите на двете земји за Сирија, по самитот на Русија и САД во Женева, што резултираше со усвојување на резолуција за продолжување на прекуграничната хуманитарна помош за Сирија.

Разговорот траеше околу еден час.

Можете да прочитате

Клучен човек на Путин: „Ако нè нападнат, Варшава ќе ја снема за 2-3 дена“

САД за прв пат потврдија распоредување на вселенско оружје во орбитата

Објавено е колку авиони изгубија САД во војната со Иран