Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Над 50 мртви во пожар во фабрика во Бангладеш

Над 50 мртви во пожар во фабрика во Бангладеш
Img 7972

Спасувачите пронајдоа тела на 49 работници откако пожар зафати фабрика за преработка на храна во близина на Дака, главниот град на Бангладеш, со што бројот на жртвите се искачи на 52, соопштија официјални лица и пожарникари.

„На пожарникарите им требаше околу 20 часа за да го изгаснат пожарот што избувна во четвртокот попладне во шесткатната фабрика ‘Хашем фуд енд бевериџ лимитед’, сопственост на групацијата Саџиб“, изјави пожарникарот Абдулах Ал Арефин.

Арефин рече дека телата на 49 работници биле пронајдени на четвртиот кат од зградата. Петтиот и шестиот кат сè уште треба да се пребаруваат, додаде тој.

Фабриката се наоѓа на 25 километри источно од Дака и произведува сокови, безалкохолни пијалоци и други прехранбени производи.

Арефин рече дека службите за итни случаи спасиле најмалку 25 работници кои успеале да избегаат на покривот веднаш штом избувнал пожарот.

Но, четвртиот кат бил заклучен, оставајќи ги работниците заробени таму и на крајот тие загинале.

Преживеаните работници во изјави рекле дека вратата била заклучена од безбедносни причини и чуварите одбиле да ја отворат без налог на сопственикот.

„Можевме да ги спасиме ако успееја да дојдат до покривот“, рече Арефин, додавајќи дека пожарот ја зафатил целата зграда.

Полицаецот Заједул Алам рече дека многу работници успеале да се спасат од пожарот самостојно.

Во фабриката имало најмалку 1.000 работници кога избувнал пожарот за кој причина сè уште не е позната.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија