Утрински Весник
Македонија

Тешко повредено дете на велосипед во сообраќајка

Тешко повредено дете на велосипед во сообраќајка

Автомобил удри во дете на велосипед во скопското село Љубин. Според информациите на полицијата, детето со тешки повреди е пренесено во болница.

Несреќата се случила вчера во 19.20 чaсот на крстосницата од ул. „1“ и ул.„5“ во село Љубин, скопско, патничко возило „даеву“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(22) од с.Љубин, удрило во велосипед управуван од малолетничка од с.Сарај, скопско.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот