Утрински Весник
Магазин

Цртеж од Да Винчи се продаде за рекордни 8,8 милиони фунти на аукција

Цртеж од Да Винчи се продаде за рекордни 8,8 милиони фунти на аукција

Мал цртеж од познтиот сликар Леонардо да Винчи, со име „Глава на мечка“, беше продаден за рекордни 8,8 милиони фунти (12,1 милиони американски долари) на една аукција во Лондон.

Уметничкото дело, старо повеќе од 500 години, е со димензија од 7×7 см.

Продажбата го надмина претходниот рекорд за цртеж на Да Винчи, поставен од Horse and Rider („Коњ и јавач“), кој се продаде за 8,1 милиони фунти во 2001 година.

Според аукциската куќа „Кристи“, каде што се одржа продажбата, ова е еден од само неколкуте цртежи на италијанскиот ренесансен мајстор, кои сè уште се во приватна сопственост.

Аукциската куќа не го откри идентитетот на купувачите. Сепак, некои британски медиуми открија дека бил продаден на една понуда од маж и жена.

Можете да прочитате

Зошто е добро да пиете ракија секој ден?

Дневен хороскоп за 11 Септември 2026 година

Отсекување на главата на Св. Јован Крстител – спомен на погубувањето на последниот старозаветен пророк