Утрински Весник
Македонија

Педесет бебиња и деца за еден месец се хоспитализирани во Гевгелија со респираторни проблеми

Во Скопје се роди бебе во „водена обвивка“ – редок феномен што се случува еднаш во 80 илјади породувања

Изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината, информира Министерството за здравство.

Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

Во мометов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20 сетина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи.

Од Министерството велат дека по завршувањето на анализите јавноста ќе биде информирана.

Можете да прочитате

Кузеска: Контактите на Мицкоски со обвинители се спротивни на Етичкиот кодекс

Кузеска: Не сум подготвена моите деца да ја плаќаат цената на политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Немаме проблем правосудниот испит да се полага на албански