Утрински Весник
Македонија

Филипче: Треба да ги вакцинираме своите деца, јас ќе го направам тоа

Филипче: Треба да ги вакцинираме своите деца, јас ќе го направам тоа

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во Охрид потврди дека ќе го вакцинира своето дете за да даде пример дека вакцините против коронавирус се безбедни за децата.

Вчера здравствените власти најавија дека од понеделник и децата oд 12 до 16 години ќе може да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“.

„Има некои земји кои го воведуваат тоа вакцинирање како задолжително, односно нема да ги примаат децата во училиштата ако не се вакцинирани. Тоа е некаде политика во западноевропски земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината и ќе се користи вакцината на ‘Фајзер’. Така да, јас директно ви одговарам, јас тоа ќе го направам“, рече министерот чиј син има над 12 години.

Засега здравствените власти немаат донесено одлука за воведување на дополнителни мерки на границите.

Комисијата за спречување на заразни болести ќе заседава утре и ќе одлучи дали ќе се воведат некакви ограничувања на границите.

Можете да прочитате

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица

Тешко повреден полицаец од Фронтекс, го удрило товарно возило со крадени дрва