Утрински Весник
Свет

Педофили во Германија добија затворски казни, еден од обвинетите извршил 29 силувања

Педофили во Германија  добија затворски казни, еден од обвинетите извршил 29 силувања
Dik 300x250 mk

Денеска се изречени затворски казни за осудените лица во т.н. „Педофилски ланец“ од германскиот град Минстер, обајвија германските медиуми.

Првообвинетиот Адријан В. е осуден на 14 години затвор, а поради тежината на делото можно е да остане во затвор и по истекувањето на казната. Било докажано и дека 28-годишниот ИТ техничар имал најмалку 29 случаи на силување а најтешкото дело била сексуална злоупотреба на деца во градинарска колиба на северот од Минстер. Тој претходно беше обвинет за поседување детска порнографија.

Три мажи од цела Германија исто така беа осудени на десет до дванаесет години затвор. За соучество, на три години затвор беше осудена и 46-годишната мајка на првообвинетиот.

Во средиштето на процесот биле разгледувани серија филмови направени во текот на неколку дена, во кои биле снимени бројни силувања од двете момчиња кои како што било забележано биле под дејство на наркотици. Една од жртвите е 11-годишниот посвоен син на првообвинетиот.

Претседателот на Судскиот совет Матијас Фејлер високите кзни ги оправда со бруталноста на делото и рече дека општеството мора трајно да се заштити од сторителите.

„Она што го слушнавме за време на судењето, надминува сè што овој суд имал некогаш доживеано“, рече судијата што претседаваше.

Ова е еден од трите најголеми случаи на педофили во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, кои беа откриени последните години во градовите Минстер, Бергиш Гладбах и Лигде.

Можете да прочитате

Европратеници бараат смена на Вархеји

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета

Уапсени се осомничените за грабежот во Лувр