Утрински Весник
Свет

Руски авион со 29 патници исчезна од радарите непосредно пред слетувањето

Руски авион со 29 патници исчезна од радарите непосредно пред слетувањето
Dik 300x250 mk

Комуникацијата со авионот „ан-26“, кој со 29 лица денеска исчезна во близина на Камчатка, бола прекината кога започнале подготовките за слетување, а за време на летот, пилотите не пријавиле никакви проблеми, изјавил извор за агенцијата ТАСС.

Според обвинителството, на летот меѓу Петропавловск Камчатски и Палана имало 29 лица – 23 патници и шест члена на екипажот.

Од службите за итни случаи за ТАСС изјавиле дека авионот би можел да падне во морето, а една од причините може да биде полотска грешка поради слабата видливост.

Но, властите во Камчатка соопштија дека авионот се приближувал од копно, а не од море. Комуникацијата биле прекината на 10 километри од аеродромот во Палана.

На местото на настанот времето било лошо, облачно и магливо. Исчезнатиот „ан-26“ е произведен во 1982 година, а неговиот сертификат истекувал на 30 август годинава.

Според службите за итни случаи, авионот бил технички исправен пред полетувањето.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп