Утрински Весник
Свет

Москва започна испитување на вакцината „спутник В“ за деца на возраст од 12 до 17 години

Москва започна испитување на вакцината „спутник В“ за деца на возраст од 12 до 17 години

Градските власти во Москва објавија дека започнале испитувања на руската вакцина „спутник В“ врз деца на возраст од 12 до 17 години.

Заменик-градоначалничката Анастасија Ракова рече дека биле регрутирани 100 доброволци кои претходно не биле заразени со коронавирусот и немаат здравствени проблеми што би ја попречиле вакцинацијата, пишуваат агенциите.

Ракова рече дека младите волонтери ќе добијат помала доза од вакцината од онаа што обично им се дава на возрасните.

Русија се соочува со нагло зголемување на бројот на заразени лица.

Од минатата недела, 23 милиони луѓе или нешто повеќе од 15 проценти од 146 милиони жители примиле едина доза на вакцина против коронавирус.

Денеска државната здравствена организација објави 24.353 новозаразени и 645 починати лица како резулатат на коронавирусот.

Можете да прочитате

Во пресрет на меѓуизборите: Трамп подготвен за масовни помилувања во својата администрација по примерот на Бајден

По историскиот одзив на арапските гласачи, Џабарен најави поддршка за опозицијата за спречување нова влада на Нетанјаху

Телефоните на германските министри и пратеници биле цел на напади од шпионски софтвер