Роџер Федерер ќе настапи на Олимписките игри во Токио. Олимпискиот комитет на Швајцарија потврди дека еден од 116-те спортисти што ќе ја претставуваат земјата на Олимписките игри ќе биде и славниот тенисер.
Федерер решил да настапи во Токио откога видел дека може да ги издржи напорите на Вимблдон.
Игрите во Токио ќе бидат петти во неговата кариера.
Федерер има злато во дубл со Стен Вавринка во 2008 година и сребро во поединечна конкуренција во 2012 година.
Роџер Федерер, денес, на Вимблдон, ќе го игра осминафиналниот меч против Лоренцо Сонего.
> Федерер ќе настапи на ОИ во Токио <