Утрински Весник
Спорт

УЕФА ја претстави топката за завршницата на ЕУРО 2020

УЕФА ја претстави топката за завршницата на ЕУРО 2020

Уште три натпревари останаа до крајот на Европското првенство. Полу-финалните натпревари Италија-Шпанија и Данска-Англија, односно големото финале ќе се одиграат на Вембли во Лондон.

Во пресрет на завршницата, УЕФА ја претстави топката со која ќе се играат овие натпревари.

Долгогодишниот партнер на УЕФА, компанијата Адидас, повторно ја воодушеви јавноста со дизајнот на топката.

Инаку, утре од 21 часот, првото полу-финале ќе го одиграат Италија и Шпанија, ден подоцна, во истиот термин, ќе се сретнат Данска и Англија. Финалето е закажано за 11.јули.

> УЕФА ја претстави топката за завршницата на ЕУРО 2020 <

Можете да прочитате

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал