Утрински Весник
Македонија

До 15 јули аплицирање за сместување во ученички домови

До 15 јули аплицирање за сместување во ученички домови

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во државата за учебната 2021/2022 година.

Право на сместување имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови: да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2021/2022 година; да се државјани на Република Северна Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Оваа година учениците имаат избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски со пополнување на електронска пријава и прикачување на соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk , а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во ученичкиот дом најдоцна до 15.07.2021 година.

Можете да прочитате

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт