Утрински Весник
Магазин

Том Холанд и Зендаја уловени додека се бакнуваат во автомобил

Том Холанд и Зендаја уловени додека се бакнуваат во автомобил
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Актерот Том Холанд (25) и пејачката Зендаја (24) беа фотографирани како се бакнуваат во автомобил.

Шпекулациите дека Том и Зендаја се во врска кружат веќе неколку години, но тие секогаш ги негираа тврдењата дека се заедно.

Се запознаа во 2017 година текот на снимањето на Spider-Man: Homecoming, новото продолжение на серијалот за човекот-пајак.

Таблоидите пишуваа за наводната романса помеѓу двете звезди на „Спајдермен“ уште кога ги презедоа улогите на Питер Паркер и М. M.

И иако избегнуваа да ги потврдат шпекулациите, се чини дека фотографиите до кои дојде порталот „Пејџ сикс“ се конечна потврда на нивната романса.

Претставниците на двојката сè уште не ги коментираа најновите вести, но ова се случува првпат откако пред четири години анонимни извори ја обелоденија наводната романса.

Можете да прочитате

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки