Утрински Весник
Спорт

Осмата етапа за Тонс, Погачар ја облече жолтата маичка

Осмата етапа за Тонс, Погачар ја облече жолтата маичка

Дилан Тонс, возачот на Бахреин Викториус, победи на осмата етапа на трката околу Франција. Етапата долга 150,8 километри се возеше од Ојонакс до Ле Гран Боранд, Тонс ја мина за 3:54.41 часа. Второто место му припадна на Мајкл Вудс.

Иако победи Тонса, вистински победник на оваа етапа е Тадеј Погачар. Бранителот на титулата, имаше 49 секунди послабо време од победникот, меѓутоа го презеде водството во генералниот пласман.

Погачар има една минута и 48 секунди предност пред Белгиецот Вут Ван Ерт.

Деветтата етапа се вози утре од Клус до Тињ и е долга 144,9 километри.

> Осмата етапа за Тонс, Погачар ја облече жолтата маичка <

Можете да прочитате

Бабунски промаши пенал, Струга ТЛ победи во дербито на колото

Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонската трка на ЕП

Ѓуретановиќ имаше добар старт, но не успеа исплива до својот најдобар резултат