Утрински Весник
Спорт

Швајцарција го почнува продолжението против Шпанија со играч помалку

Швајцарција го почнува продолжението против Шпанија со играч помалку

Шпанија и Швајцарија ќе играат продолженија во првото четврт-финале од ЕУРО 2020, но Швајцарците по храброто второ полувреме, ќе играат со 10 играчи, откако Роман Фројлер доби директен црвен картон од судијата Мајкл Оливер за брутален старт над Алваро Мората.

Шпанците имаа предност уште од 8. минута, кога ударот на Жорди Алба го пренасочи Денис Закарија за рано водство, по кое „фуријата“ се смири и до крајот на првото полувреме и покрај предноста во посед на топката, немаше многу акција.

Второто полувреме почна со многу поактивна Швајцарија, која во 68. минута конечно израмни откако ја искористија лошата реакција на одбраната на Шпанците, за Џердан Шаќири да израмни. Но, веќе во 77. минута, Фројлер доби црвен картон за да ја искомпликува борбата во продолженијата.

> Швајцарција го почнува продолжението против Шпанија со играч помалку <

Можете да прочитате

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови

Македонските кадети на врвот: Злато на Светското училишно првенство во Скопје