Утрински Весник
Спорт

Швајцарскиот селектор се сели во Русија?

Швајцарскиот селектор се сели во Русија?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Владимир Петковиќ, по завршувањето на Европското првенство, би можел повторно да работи во клупскиот фудбал.

Петковиќ, чија Швајцарија, сензационално ја елиминира Франција во осмина-финалето на ЕУРО 2020, кариерата би можел да ја продолжи во Зенит од Санкт Петербург.

Челниците на рускиот шампион не биле задоволни од резултатите кои клубот, под водство на Сергеј Семак, ги постигнува во европските купови.

Сметале дека идеална замена за Семак би бил Петковиќ.

Владимир Петковиќ е селектор на Швајцарија од 2014 година, претходно бил тренер во Јанг Бојс, Белинцона, Самсунспор и Лацио.

> Швајцарскиот селектор се сели во Русија? <

Можете да прочитате

УЕФА и Британските федерации ја отфрлаат реформата на правилото за офсајд

Поповски нов ракометар на Вардар 1961

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда