Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед пред реализација на уште еден голем трансфер

Манчестер јунајтед пред реализација на уште еден голем трансфер

Манчестер јунајтед се на добар пат да реализираат уште еден голем трансфер. По Џејдон Санчо, на „Олд Трафорд“ ќе пристигне Рафаел Варан, објави ЕСПН, повикувајќи се на свои извори во клубот.

Варан, влезе во последната година од договорот со Реал. Ги одби понудите да го продолжи договорот и побара од Реал дозвола да замине од Мадрид.

Реал, би го продале Варан за 70 милиони евра. На „Олд Трафорд“ сметаат дека сумата е висока и како што тврди ЕСПН, се надеваат дека ќе успеат да го донесат францускиот дефанзивец за 50 милиони евра плус одредени бонуси.

Изворот на ЕСПН открил дека преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Реал ќе се интензивираат во наредните денови и дека било прашање на време кога договорот ќе биде заклучен.

Рафаел Варан цела деценија е играч на Реал, со „кралскиот клуб“ ги освои сите можни трофеи во клупскиот фудбал.

> Манчестер јунајтед пред реализација на уште еден голем трансфер <

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја