Утрински Весник
Магазин

Аријана Гранде донира 1 милион долари за онлајн терапија

Аријана Гранде донира 1 милион долари за онлајн терапија

Пејачката Аријана Гранде се здружи со BetterHelp – интернет портал за терапија – во нова иницијатива за која се надева дека ќе ги охрабри луѓето да побараат помош кога им е потребна и ќе ја отстрани стигмата околу советување со психијатар.

Таа најави на Инстаграм: „Воодушевена сум од соработката со @betterhelp и решив да дадам 1,000,000 долари бесплатна терапија!“

„Сметам дека терапијата не треба да биде за малкумина привилегирани, туку нешто до кое секој има пристап. Свесна сум дека ова не го решава прашањето на долг рок, но сепак сакав да го сторам ова во надеж дека ќе ве инспирирам да се чувствувате добро барајќи помош, и ќе го ослободите вашиот ум од самоосудување при тоа!“

Шемата ќе им овозможи на луѓето да добиваат бесплатена онлајн терапија со траење од еден месец, а Аријана се надева дека тоа ќе биде корисна почетна точка што ќе ги охрабри фановите да ги користат услугите на долг рок.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста