Утрински Весник
Спорт

Салернитана може да биде вратена во Серија Б

Салернитана може да биде вратена во Серија Б
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Салернитана, по пауза од 22 години се врати во Серија А, меѓутоа прашање е дали ќе биде дел од елитата во новата сезона.

Поради сопственикот, Клаудио Лотито, Салернитана може да остане во Серија Б. Лотито, во фудбалскиот свет е познат како сопственик на Лацио. Фудбалскиот сојуз на Италија го одбил предлогот на Лотито, сопственоста да ја предаде на анонимна компанија.

Италијанските медиуми пипуваат дека Лотито добил рок до сабота да ја продаде Слернитана. Доколку го направи тоа овој клуб ќе игра во Серија А, во спротивно ќе остане во Серија Б, а во елитата ќе игра Беневенто, клуб кој минатата сезона испадна од Серија А.

Адвокатите на Лотито рекле дека не се загрижени и дека Салернитана ќе игра во Серија А.

> Салернитана може да биде вратена во Серија Б <

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја