Утрински Весник
Свет

(Видео) Руските авиони-ловци ја штитат својата територија, Русија и одговори на Холандија

(Видео) Руските авиони-ловци ја штитат својата територија, Русија и одговори на Холандија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руското Министерство за одбрана објави снимки од своите авиони по холандската морнарица во Црното Море, откако холандските власти ја обвинија Русија за „загрозување“ на нивниот брод.

„Борбени авиони и бомбардери беа испратени да го следат холандскиот поморски брод откако беше забележано дека го смени правецот и се упати кон руските води“, соопштија московските власти, објавија агенциите.

„Фрегатата Евертсен беше на пат да ги премине споменатите граници во Црното Море, но тоа го спречија руски авиони, кои, според Министерството, одржуваат безбедно растојание од пловниот објект“, велат од руското министерство.

https://www.youtube.com/watch?v=5hMeL6OODkk

Инцидентот се случил на 24 јуни, само еден ден откако разурнувачот на британската кралска морнарица ги прекршил правилата на руските територијални води во близина на Крим и бил предупреден од авион и брод на крајбрежната стража.

Холандските власти тврдат дека нивниот брод бил „загрозен“ од руски авиони.

„Тие летаа опасно ниско и близу, извршувајќи лажни напади“, објави холандското Министерство за одбрана. По неколкучасовно „заплашување“, електронската опрема на Еверстен беше нарушена, тврдат тие.

Можете да прочитате

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина