Утрински Весник
Спорт

Хрватите по крајот на настапите на ЕУРО го забележаа погрешниот грб!

Хрватите по крајот на настапите на ЕУРО го забележаа погрешниот грб!
Dik 300x250 mk

Хрватска на сите четири натпревари на Европското првенство играла со дресови на кои бил прикажан погрешниот грб на знамето на оваа земја, нешто што било забележано дури по крајот на натпреварувањата.

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) објави дека ќе испита како се случила оваа грешка, со која наместо првото поле на грбот да е црвено, тоа е бело, но објасни дека виновен за грешката е компанијата Ситотисак од Вараждин. Проблемот во грбот е тоа што хрватскиот коцкест грб со прво бело поле се користело за време на таканаречената Независна Држава Хрватска, нацистичката марионетска држава за време на Втората светска војна.

„Ова е лудница. Ги отфрламе сите обвинувања дека тоа е направено намерно, се работи за обична грешка“, изјави газдата на компанијата, Дамир Кумек за „Јутарњи лист“.

> Хрватите по крајот на настапите на ЕУРО го забележаа погрешниот грб! <

Можете да прочитате

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика