Утрински Весник
Свет

Вакцинација против Ковид-19 на секои шест месеци, смета директорот на рускиот институт „Гамалеја“

Вакцинација против Ковид-19 на секои шест месеци, смета директорот на рускиот институт „Гамалеја“

Вакцинацијата против коронавирусот мора да се прави на секои шест месеци, изјави директорот на Рускиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинзбург.

Тој рече дека истото важи и за оние кои веќе се заразиле со Ковид-19. Гинзбург истакна дека Ковид-19 вирусот постојано мутира.

„Вакцинацијата во моментов е неопходна на секои шест месеци, како што е наведено од Министерството за здравство во сите свои упатства. Истото важи и за оние кои биле заразени, со цел да се одржи високо ниво на заштитни антитела“, посочи Гинзбург на прес-конференција во Москва и ги повика сите граѓани да се вакцинираат.

Гинзбург истакна дека граѓаните на Русија ќе бидат заштитени од коронавирусот само доколку се вакцинира мнозинството од населението, односно околу 70 проценти од населението и се надева дека луѓето засекогаш ќе бидат ослободени од обврската да носат маски и ракавици и ќе можат да присуствуваат на масовни настани и да јадат во ресторани.

Можете да прочитате

Израелски комитет го одобри контроверзниот проект за населба на Западниот Брег

Десетици европски земји се подготвени да испратат војници во Украина

Израел го одобри планот за преземање на градот Газа