Утрински Весник
Спорт

Уште на стартот падна „голем скалп“ на Вимблдон – Тиафоу го реши Циципас

Уште на стартот падна „голем скалп“ на Вимблдон – Тиафоу го реши Циципас
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Огромно изненадување уште на првиот ден на грен слем тенискиот турнир Вимблдон.

Четвртиот светски тенисер во моментов, Гркот Стефанос Циципас по три сета со 6-4 6-4 и 6-3 загуби по два часа игра од 57-от светски тенисер, Франсис Тиафои од САД.

Во првиот сет Американецот направи брејк уште во воведниот гем, а до крајот на сетот двајцата тенисери беа успешни на свој сервис.

Во вториот сет деветтиот гем беше кобен за грчкиот ас, па уште тогаш се насетуваше дека се подготвува сензација во воведното коло на неофицијалното светско тениско првенство.

Во третиот сет, слично како и во првиот, Тиафоу уште во воведниот гем направи брејк, па Циципас не успеа да ја надомести негативата.

Иако грчкиот тенисер имаше двојно повеќе асови од својот противник, сепак за него турнирот е завршен.

Во второто коло Тиафоу ќе се судри со подобриот од дуелот Карбалес Баена – Поспишил.

> Уште на стартот падна „голем скалп“ на Вимблдон – Тиафоу го реши Циципас <

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини