Утрински Весник
Македонија

СДСМ ќе ги објави кандидатите за градоначалници во август

СДСМ ќе ги објави кандидатите за градоначалници во август

Предлозите за градоначалници за локалните избори СДСМ ќе ги презентира на крајот од август. Предвреме, можно е да се знаат имињата само за кандидати во општини за кои анализите се завршени. Ова е ставот претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, кој додаде дека се спроведуваат низа анкети за партијата да ги избере тие, кои според него, ќе победат.

„Според нашиот правилник и роковник, одлуките ги носиме крајот на август затоа што во првата половина од септември се доставуваат до ДИК. Но, ако и претходно донесеме одлуки кои ќе значат завршени истражувања, анализи, нема што да чекаме и ќе објавиме, за да знаат граѓаните и да оформат свој став. Генерално крајот на август, но не исклучувам можност и во текот на јули месец да објавиме неколку кандидати“, рече Заев.

За претседателот на СДСМ и премиер најважно е да се изберат вистинските кандидати за избори.

„Очекуваме низа анкети за граѓаните навистина да ни кажат што преферираат и тоа ќе ни биде водилка. Сите можеме да бидеме корисни во форма на кандидати. Најважно е да направиме вистинска селекција на кандидати, бидејќи тоа се избор на личности. Партиите имаат важност, но многу мал. Самите личности, за советници, градоначалници, се доминантно пресудни во одлуката“, рече Заев.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема