Германската полиција започна потрага, во која учествуваат и хеликоптерски единици, по напаѓачот кој утрово пробол двајца случајни минувачи во градот Ерфурт.
Двете жртви на овој напад, на возраст од 45 и 68 години, се наоѓаат во болница.
Полицијата го опишува напаѓачот како 20-годишник, со руса коса и лице со лузна објавија медиумите, додавајќи дека напаѓачот зборува германски.
Во исто време, во тек е истрага за смртоносниот напад со нож минатиот петок во Вирцбург, кога три лица го загубија животот, а полицијата се сомнева дека мотивот за нападот е исламски екстремизам.