Утрински Весник
Свет

Италија прогласена за земја со низок ризик од коронавирус

Италија прогласена за земја со низок ризик од коронавирус

Италија ја укина обврската за носење маски на отворено, додека земјата од денеска стана „зона со низок ризик од коронавирус“, што е главна пресвртница за првата европска земја погодена од глобалната пандемија на коронавирус во февруари 2020 година.

Со декрет што денеска стапи на сила, Министерството за здравство првпат ги прогласи сите 20 италијански региони за „бели“, означувајќи ги како области со низок ризик, според класификацијата за проценка на ризикот од Ковид-19.

Ова значи дека маските на отворено повеќе нема да бидат задолжителни, што е добредојдена вест во земјата каде што се очекуваат температури над 40 степени.

Бројот на заболени и смртни случаи од Ковид-19 во Италија се намалува во последните недели.

Една третина, или 17.572.505 луѓе, од италијанското население над 12 години е вакцинирано.

Туристите од Европската унија, Велика Британија, САД, Канада и Јапонија, кои веќе подолго време не можеа да влезат во Италија, се враќаат во земјата откако владата го укина карантинот за вакцинираните и оние кои имаат негативен тест.

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари