Мадс Микелсен откри дека негова желба било да разговара со Џони Деп кога му било понудено да го замени во најновиот филм од серијалот „Фантастични sверки“.
Данскиот актер (55) ја презема улогата на волшебникот Гелерт Гринделвалд од sвездата на „Пиратите од Карибите“ откако Деп беше принуден да го напушти проектот претходно оваа година кога го загуби судскиот спор за клевета против весникот „Сан“. Тој го тужеше британскиот таблоид, кој го нарече тепач на жена, алудирајќи на бурниот брак со поранешната сопруга Амбер Херд.
Иако свесен дека промената во кастингот е контроверзна, Микелсен се обидувал да не обрнува внимание на шпекулациите околу неговиот претходник.
„Мислам, очигледно, тие ќе го снимаа филмот, и очигледно дека тој не беше вклучен повеќе,“ рече Микелсен.
„Но, јас немав куче во таа борба. И не знам што се случи во неговиот приватен живот, и не знам дали беше фер, тој ја изгуби работата. Но, знаев дека шоуто продолжува. Би сакал да разговарав со него за тоа ако имав шанса, но едноставно не го познавам.“
„Тие ме побараа и очигледно брзаа, ми се допадна сценариото и така реков да. Свесен сум дека сето тоа беше контроверзно за многу луѓе, но и тоа се случува понекогаш.“
Мадс сака на свој начин да го портретира Гринделвалд бидејќи смета дека би било „креативно самоубиство“ да го имитира Џони Деп во филмот.