Утрински Весник
Свет

Рекордни температури во делови на Канада и САД

Рекордни температури во делови на Канада и САД

Рекордни температури денеска се регистрирани во западна Канада и на пацифичкиот северозападен брег на САД.

За време на викендот беа измерени над 40 степени во Британска Колумбија, особено во скијачкиот центар Вистлер. Литон, исто така во Британска Колумбија, сега го држи апсолутниот рекорд во Канада со измерени 46,6 степени Целзиусови.

Претходно регистрираната највисока температура во Канада беше 45 степени во два града во Саскачеван на 5 јули 1937 година.

Во текот на оваа недела се очекува топлотниот бран да продолжи.

Од другата страна на границата, американските метеоролошки служби, исто така, издадоа предупредувања за топлотен бран, кој најсилно ги погоди државите на северозападoт, Вашингтон и Орегон.

Температурите се искачија на највисоко ниво од 44 степени Целзиусови во најголемиот град во Орегон, Портланд.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури