Утрински Весник
Магазин

Семјуел Џексон и Дени Гловер ќе добијат почесни „Оскари“

Семјуел Џексон и Дени Гловер ќе добијат почесни „Оскари“

Актерите Самуел Л. Џексон и Дени Гловер се меѓу четворицата кои следната година ќе добијат почесни „Оскари“ за нивниот придонес во филмското творештво и светот, објави во петокот Академијата за филмска уметност и наука.

Двцајцата се меѓу следните добитници на наградите Гувернери на академијата, кои ќе бидат доделени на свечена церемонија во јануари. Други почестени ќе бидат сценаристката-режисер Елејн Меј и норвешката актерка Лив Улман.

„Примателите имаа големо влијание и врз филмот и врз општеството“, рече претседателот на Академијата, Дејвид Рубин.

Џексон, кој го толкуваше Ник Фјури во „Одмаздници“ и други филмови на „Марвел“, се појави во повеќе од 100 филмови. Тој беше номиниран за Оскар за улогата на платен убиец во, „Евтини приказни“ (Pulp Fiction) oд 1994 година, во режија на Квентин Тарантино.

Гловер, sвезда на култниот серијал „Смртоносно оружје“, ќе ја добие специјалната награда „Џин Хершолт“ за хуманитарна работа. Тој во моментов е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста