Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ферстапен перфектен во Штаерска, од прв до последен круг

Ферстапен перфектен во Штаерска, од прв до последен круг
300x250 opst2

Холандскиот Ф1 возач, Макс Ферстапен е победник на денешната трка за ГН на Штаерска возена во Австрија.

Ферстапен комплетно доминираше од првиот до последниот круг и не му даде никаква шанса на актуелниот шампион Луис Хамилтон да се надева на пресврт во трката.

Хамилтон трката ја заврши на втората позиција, додека неговиот клупски колега од Мерцедес, Валтери Ботас заврши третопласиран.

На почетокот на трката пукна левиот пневматик на болидот на Пјер Гасли, па тој по само неколку круга мораше да ја заврши трката.

И возачот на Ферари, Шарл Леклер имаше проблеми на патеката, па во еден момент падна на последната позиција , но тој сепак успеа на крајот да стигне и до бодови заземајќи ја седмата позиција.

Трката не ја заврши одличниот Џорџ Расел кој мораше да застане поради проблеми со болидот.

Ландо Норис заврши како петтопласиран, додека позиција пред него заврши Серхио Перез.

Сајнц беше шести, Леклер седми, Строл на осмата позиција, Алонсо трката ја заврши како деветти, додека на 10-тото место се пласираше Цунода.

Ферстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Луис Хамилтон. Тој досега собра 156 поени, 19 повеќе од Британецот на втората позиција.

Следниот викенд на истата патека ќе се вози трката за ГН на Австрија.

> Ферстапен перфектен во Штаерска, од прв до последен круг <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН