Утрински Весник
Спорт

(Видео) Гледачка предизвика еден од најголемите судири на велосипедисти на Тур де Франс

(Видео) Гледачка предизвика еден од најголемите судири на велосипедисти на Тур де Франс

Гледачка на Тур де Франс ненамерно предизвика инцидент и огромен застој на првата етапа од трката, откако поттикна еден од најлошите судири некогаш забележани.

Германскиот велосипедист Тони Мартин (36) се судри со гледачката крај патот, што предизвика домино ефект бидејќи потоа почнаа да паѓаат и велосипедистите зад него.

Воздушна снимка од инцидентот беше споделена на социјалните мрежи, каде што некои од корисниците коментираа дека ова вројатно е најлошиот судир кој го виделе на Тур де Франс досега.

Видео снимено од поблизок агол детално покажува што се случило, бидејќи на него се гледа дека гледачката, која го предизвика страшниот инцидент, всушност излегла на патот за да се обиде да се појави пред камера.

Нејзиното име не е е објавено, но се гледа дека носи жолто палто и држи голем картонски натпис на кој пишува „ALLEZ OPI-OMI!“, што во превод значи „Напред дедо и бабо!“.

Таа со натписот им го блокираше патот на велосипедистите, но се чини дека во обид да се појави пред камерите, беше потполно несвесна за тоа.

Така, патот на Тони Мартин беше попречен и тој немаше друг избор освен да удри во гледачката, пред велосипедистот од левата страна да се сруши врз него.

Многу други застанаа, накратко запирајќи ја трката, додека оние што беа зафатени во судирот се обидоа да се опорават и да продолжат понатаму.

Некои од екипите учесници на трката подоцна се огласија на „Твитер“ и ги замолија навивачите да избегнуваат попречување на трасата.

Заменик-директорот на трката, Пјер-Ив Туло, за агенцијата „Франс прес“ изјави: „Ќе ја тужиме оваа жена која се однесуваше толку лошо. Ќе го направиме тоа за малкуте луѓе кои прават вакви испади да не го расипат шоуто за сите“.

Најголемата велосипедска трка во светот, 108. издание на Тур де Франс, започна вчера, а во првата етапа, на 197,8 километри долгиот пат од Брест до Ландерно, попеди светскиот шампион, Французинот Жулиен Алафилип.

> (Видео) Гледачка предизвика еден од најголемите судири на велосипедисти на Тур де Франс <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина