Утрински Весник
Македонија

Хотел Бoград го трансформира туризмот во Струга

Хотел Бoград го трансформира туризмот во Струга

Хотел Бoград го трансформира туризмот во Струга

Градот на поезијата – Струга, како атрактивна туристичка дестинација особено во летниот период, од година во година ја зголемува својата понуда на хотели, со што ги крева стандардите на туризмот и гостопримството. Денешниот современиот турист бара комфорен престој, проследен со вкусна храна и сместување блиску до центарот на случувањата.

Хотел Бoград е нов модерен хотел кој работи од 2020 година ги исполнува сите услови кои ги бара современиот патник. Лоциран е во срцето на Струшката чаршија, на 100 метри од реката Црн Дрим и 200 метри од најблиските плажи на Охридското езеро. Шеталиштето поминува пред самиот влез на хотелот, кое води до кејот на реката и Мостот на Поезијата, каде секоја година во месец Август се одржуваат Струшките вечери на Поезијата.

Собите во Хотел Бoград се дизајнирани за да им овозможат на гостите вистинско уживање додека престојуваат овде. Модерниот и современ дизајн на мебелот и самиот простор, како и специјално одбраните материјали и бои, Ви овозможуваат да се чувствувате релаксирано како да сте дома. Без разлика дали патувате со семејството, со пријателите или сами, Хотел Боград е овде за да го направи вашиот престој незаборавен. Неизоставен дел од хотелот е и Lounge bar-от кој се наоѓа на највисокиот кат и има поглед кон Струшката чаршија и шеталиштето. Уникатниот дизајн на просторот е инспириран од самото Охридско езеро. Сето ова, надополнето со вкусните специјалитети, подготвени од кувари со долгогодишно искуство, овозможуваат Вашата посета да биде комплетна за да посакате одново да се вратите во Хотел Бoград.

Доколку сакате да ѕирнете во светот на Хотел Бoград, посетете ја нивната веб страна: www.hotel.bograd.mk. Прашајте за специјалите понуди кои хотелот ги нуди на телефонскиот број 072/223-980 или на е-маил [email protected] Хотел Бoград со задоволство Ве очекува!

(ПР-текст)

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје