Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Не е само Бугарија за вето, криминалот на Заеви ја кочи Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не е само Бугарија за вето, криминалот на Заеви ја кочи Македонија

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека покрај проблемот со Бугарија, за блокадата на почетокот на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, виновен е и, како што посочуваат од опозициската партија, криминалот на Заеви.

Министерската за одбрана Радмила Шекеринска денеска кажа дека гласот против блокадата ќе расте, а со добри решенија власта ќе ги демантира и најголемите скептици.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, се убедени дека зад ветото не стои замо Бугарија и посочуваат дека Македонија немала да има проблем со бугарското вето, доколку сите други земји-членки биле за почеток на преговори.

„Чесно е Шекеринска да каже кој освен Бугарија е за вето, заради криминалот на Заеви од кој е дел и таа. Дали Македонија не доби почеток на преговори пред се заради криминогеноста на Заев, и колкав удел во тоа имаат случајот Рекет кој до крај не е расчистен, а каде главниот обвинет обвини дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев?“, прашуваат од опозициската партија.

Од таму се интересираат и дали за недобивање на датум влијание имала и големата афера со марихуана каде, како што велат, е вмешан човек близок до Заев – шоферот на Трајче Заев.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт