Белгискиот фудбалер Еден Азар го поминува најтешкиот период во својата играчка кариера. Играчот за кој Реал Мадрид плати 115 милиони евра започна само 20 првенствени средби и за две сезони со „Кралевите“ постигна само 4 гола.
За тоа се виновни повредите, но вина за дел од се што му се случува сноси и тој самиот пред се затоа што се здебели 10-тина килограми пред да го облече дресот на Реал.
Еден од најдобрите африкански фудбалери, Јаја Туре застана во одбрана на белгискиот ас.
„Азар е многу опасен. Кога топката доаѓа кон него, тој го следи противникот и во последниот миг го блокира со задникот. Со тоа ќе го оттурне противникот, па кога ќе почувствува отворен простор, започнува со нов трк. Слично играат и Суарез, Агуеро и Гризман“ изјави Туре за „The Athletic“.
„Начинот на кој ја контролира топката, а притоа го користи засникот за даа се заштити е неверојатен. Велат дека има вишок килограми и вистина е дека не изгледа најдобро, но неговиот голем задник секогаш му е оружје во играта“ заклучи Туре.
Еден од најгласните критичари на Белгиецот, кој е во составот на националниот тим на ЕУРО2020, е неговиот поранешен тренер во Челси – Жозе Мурињо. Тој вели дека на тренинг Азар е еден од најмрзливите.
> Јаја Туре: Задникот на Азар е клучното оружје во неговата игра! <