Утрински Весник
Спорт

Конте: Италија, Белгија, Германија или Франција ќе го освојат ЕУРО2020

Конте: Италија, Белгија, Германија или Франција ќе го освојат ЕУРО2020

Поранешниот италијански селектор, довчерашниот тренер на Интер – Антонио Конте верува дека „Азурите“ можат да ја освојат европската титула на ЕУРО 2020. Сепак според него, има уште три големи фаворити за пехарот.

„Мислам дека ниту еден од аутсајдерите нема да го освои ЕП. Кандидати за титулата се Франција и Германија кои имаат силен играчки кадар и искуство. Тука е и Белгија, но под услов Де Брујне и Витсел да се во топ форма. Тука секако е и Италија“ – изјави Конте за италијанските медиуми.

Конте има само пофалби за националниот тим каде што беше селектор од 2014 до 2016 година.

„Во досегашните мечеви Италија покажа континуитет и самодоверба. Нема љубомора во екипата затоа што некој игра, а некој седи на клупа. Се гледа заедништвото, а тоа е многу важно. Екипата игра компактно, постои баланс меѓу одбраната и нападот“ смета Конте.

> Конте: Италија, Белгија, Германија или Франција ќе го освојат ЕУРО2020 <

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари