Утрински Весник
Македонија

Скопјанец го избол својот колега на работното место и се дал во бегство

Скопјанец го избол својот колега на работното место и се дал во бегство

Полицијата трага по скопјанец кој го избол со нож својот колега, во фирма во селото Миладиновци.

Како што соопшти МВР, настанот се случил синоќа.

„Во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен Б.Л.(38) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од с.Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во с.Миладиновци, Акопско.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот