Утрински Весник
Македонија

Возач од Тетовско дивеел на автопат, на даден знак да запре сакал да удри во полицаецот

Возач од Тетовско дивеел на автопат, на даден знак да запре сакал да удри во полицаецот

Гостиварското основно јавно обвинителство поднесе обвинение портив 33-годишник од тетовското село Беловиште за кривично дело – предизвикување општа опасност.

Како што информираат од обвинителството, на 16 мај обвинетиот управувал рент-а-кар возило „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, при што во близина на бензинска пумпа во Гостивар се движел со брзина над дозволената.

Тоа со помош на радар го забележал полициски службеник кој на возачот му сигнализирал да запре.

Наместо тоа, обвинетиот ја зголемил брзината и продолжил да се движи кон центарот на Гостивар. По извесно време, се вратил и со голема брзина претекнал неколку автомобили.

Кога полицаецот со палка повторно му дал знак да сопре, обвинетиот нагло свртел со воланот кон него и изгубил контрола врз автомобилот.

Полицискиот службеник успеал да се тргне настрана и да го избегне возилото.​​

Можете да прочитате

СДСМ: 180 илјади евра за бадеми и лешници, Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

ДИК ќе одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025

48-мо издание на фестивалот „Денови на македонска музика”