Утрински Весник
Македонија

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

37 починати и 365 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19,  три во Скопје и по еден во Куманово и Тетово.

Регистрирани се и 8 оздравени пациенти – по двајца во Скопје и Тетово и по еден во Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар.

Пријавено е едно починато лице од Кичево (39 години), починато во болнички услови.

Направени се 2.466 тестови преку: ИЈЗ-129, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–36, Судска медицина-3, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–42, МАНУ-39, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Авицена-153, Биотек-161, Систина-106, лабораторија Лаор-172, Синлаб-8, Ремедика-18, Плодност–35, Генеа–13, Никоб лаб-370, ВФВ Медикал-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 918.

Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.

Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:

Скопје 68649, Активни 92
Куманово 8880, Активни 34
Прилеп 8327, Активни 22
Тетово 7245, Активни 24
Битола 6304, Активни 6
Велес 5472, Активни 4
Гостивар 5181, Активни 7
Кавадарци 5153, Активни 0
Охрид 5018, Активни 16
Штип 4960, Активни 1
Струмица 4118, Активни 6
Струга 2981, Активни 1
Кочани 2792, Активни 1
Кичево 2593, Активни 16
Гевгелија 2195, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1523, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1226, Активни 5
Радовиш 1161, Активни 2
Берово 1029, Активни 0
Делчево 973, Активни 1
Дебар 941, Активни 1
Виница 886, Активни 4
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 2
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“