Утрински Весник
Свет

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите на виножито за време на денешниот меч меѓу Германија и Унгарија, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја откажа планираната посета на настанот.

„Дали стадион во Минхен или некој друг стадион во Европа ќе светне во боите на виножитото, не е одлука што е во рацете на државата“, рече Орбан.

Тој додаде дека и во Будимпешта знамињата во боја на виножито се дел од уличниот колирит и дека тоа е разбирливо.

Во изјава за германската новинска агенција (ДПА), Орбан истакна дека хомосексуалците во Унгарија денеска, за разлика од времето на комунизмот, уживаат заштита од државата.

Според германските медиуми, Орбан вечерва ќе отпатува за Брисел наместо планираната посета на мечот од Европското фудбалско првенство меѓу Германија и Унгарија во Минхен.

Претходно, неколку германски политичари, вклучително и баварскиот премиер, Маркус Содер (Христијанско-социјалната унија – ЦСУ) и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер (Социјалдемократска партија на Германија – СПД), ја критикуваа одлуката на УЕФА да го одбие предлогот на Минхен за осветлување на Алијанц Арената, на која ќе се игра натпреварот, во боите на виножитото.

УЕФА ја посочи својата политичка и религиозна неутралност и заклучи дека акцијата во Минхен е планирана како политичка акција во знак на протест против конкретната одлука на унгарскиот парламент каде неодамна беше усвоен закон, кој многу критичари го оценуваат како хомофобичен.

Според нив, законот има за цел да го скрати правото на младите да бидат информирани за хомосексуалноста и транссексуалноста.

Содер ја опиша одлуката на УЕФА како разочарувачка и несоодветна.

„Овде се работи за слобода против дискриминацијата. Знамето на виножитото во овој контекст се залага за слобода и модерна демократија’, рече Содер за јавниот сервис БР.

Градоначалникот на Минхен, Рајтер, објави дека вечерва од Минхен, и покрај забраната на УЕФА, ќе се испратат сигнали во насока на Унгарија и остатокот од светот.

Тој најави поставување знамиња во боја на виножито на Градското собрание во Минхен, а се планира да се осветли и една ветерница за електрична енергија, која се наоѓа во непосредна близина на стадионот.

Акции на стадионот и околу него најавија и ЛГБТ здруженија од Минхен, кои очекуваат многу гледачи на стадионот да понесат со себе знамиња во боја на виножито.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд