Утрински Весник
Свет

Борел: Соработката меѓу САД и ЕУ ќе помогне во дијалогот Белград-Приштина

Борел: Европската унија станува сè посилна

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, проценува дека засилената соработка на САД и ЕУ ќе помогне во процесот на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

На прашање на „Танјуг“ дали разговарал со американскиот претседател Џо Бајден за последната рунда разговори во Брисел меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти, Борел изјави дека за тоа го известил државниот секретар Антонио Блинкен.

„ Сега постои многу добра соработка меѓу САД и Европа. Веќе не е натпревар кога САД се обидуваат да наметнат дијалог што е процес предводен од ЕУ. Сега работиме тесно заедно и тоа ќе помогне “, рече Борел.

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд