Утрински Весник
Свет

Мигранти се истовариле на плажа во Италија, вознемирените туристи повикале полиција

Мигранти се истовариле на плажа во Италија, вознемирените туристи повикале полиција

Пливачи на плажа во близина на градот Лече, на крајниот југ од Италија, биле шокирани кога група од 83 мигранти среде бел ден се истовариле од јахта на плажата полна со туристи.

После тоа, луѓето повикале полиција, а градоначалникот, заедно со полицајци и медицински персонал дошол на местото на настанот.

По прегледот и тестот за ковид, на мигрантите им биле дадени храна и вода, по што биле сместени во центар за миграција. За повеќето мигранти, меѓу кои имало и две жени, се верува дека се од Пакистан.

Можете да прочитате

Мелони: Европа мора да се договори за единствен претставник во преговорите за Украина

Во Полска уапсена група осомничена за продажба на делови за оружје на Русија

Масовни протести и генерален штрајк во Франција со барање за значително зголемување на минималната плата