Утрински Весник
Спорт

Димитриевски во тимот на колото на Sofascore на ЕУРО 2020

Димитриевски во тимот на колото на Sofascore на ЕУРО 2020

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се наоѓа во најдобриот тим на второто коло на ЕУРО 2020 во избор на „Sofascore година во друштво со фудбалски ѕвезди како Кристијано Роналдо, Кевин де Брујне и Герет Бејл.

Димитриевски на мечот со Украина одбрани еден пенал, и беше еден од најдобрите наши репрезентативци, за да добие оценка од 8.6 од Sofascore.

Одбранбената четворка во тимот на колото ја предводи Лук Шо (Англија), а во неа се и Џикија (Русија), Хенли (Шкотска) и Лустиг (Шведска). Средниот ред е ѕвезден – Робин Госенс, Мануел Локатели, Кевин де Брујне и велшката ѕвезда Герет Бејл со најдобра оценка од 9.1, додека во нападот се Кристијано Роналдо и Антоан Гризман.

> Димитриевски во тимот на колото на Sofascore на ЕУРО 2020 <

Можете да прочитате

Евролига со високи казни за белградските екипи

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар