Утрински Весник
Свет

Русија ќе се повлече од договорот за отворено небо на 18 декември

Русија ќе се повлече од договорот за отворено небо на 18 декември

Русија ги известила своите партнери од спогодбата Отворено небо за контрола на оружјето дека ќе ја напушти групата на 18 декември, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Кремљ овој месец соопшти дека одлуката на САД да се повлечат од договорот, што овозможуваше невооружени летови за набљудување над земјите членки, значително го нарушила балансот на интереси меѓу членките во договорот и дека Русија исто така е принудена да се повлече.

Москва се надеваше дека претседателот Џо Бајден ќе ја поништи одлуката на неговиот претходник, Доналд Трамп.

Но, администрацијата на Бајден не го смени ставот, обвинувајќи ја Русија за кршење на договорот, што Москва го негира.

Во јануари Русија најави свои планови да се откаже од договорот, додека владата минатиот месец започна постапка за официјализирање на излегувањето.

Договорот за отворено небо е склучен во 1992 година и стапи на сила во 2002 година. Потпишан е од 35 земји и им овозможува на земјите потписнички да вршат набљудувачки летови над териториите на останатите земји опфатени со спогодбата.

Договорот придонесува за транспарентност, што треба да ја зајакне довербата на земјите потписнички во соработката за безбедносните прашања. Од неговото стапување во сила, регистрирани се над 1.500 летови за набљудување.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната