Утрински Весник
Свет

Австрија ќе обезбеди дополнителни милион дози вакцини за Западен Балкан

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Австрија ќе обезбеди милион дози вакцини против Ковид-19 за земјите од Западен Балкан, покрај дозите што веќе ги испраќа во регионот во име на Европската унија, изјави денеска австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

Курц ова го објави по самитот со колегите од земјите од поранешна Југославија, кои не се членки на Европската унија. На состанокот беше присутен и претставник од Албанија.

Австрија на Балканот дистрибуира 651.000 дози вакцини од ЕУ.

„Покрај тоа, сакаме да дадеме билатерален придонес како Република Австрија и решивме како Влада да обезбедиме еден милион дози вакцини за земјите од Западен Балкан“, рече Курц пред новинарите по самитот.

Дозите ќе се доставуваат од август до крајот на годината, посочи тој, без да прецизира кои земји ќе ги добијат или како ќе се распределат меѓу нив.

Тој исто така не кажа кој вид на вакцина ќе биде доставена.

Европските дози на вакцини од „Фајзер“ и „Бионтек“ што Австрија ги испраќа во земјите од Западен Балкан во април беа распределени по потреба.

Босна и Херцеговина доби најмногу, а следеа Албанија и Македонија.

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија