Утрински Весник
Македонија

Битолчанец уапсен со 16 пакувања кокаин

Во Струмица уапсени двајца дилери од Штип

Битолската полиција денеска го уапсила 26-годишниот И.С. од овој град, поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што информираат од МВР, по добиена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом, други простори и возила кои ги користи И.С., при што биле пронајдени и одземени 16 пакувања кокаин, две пакувања марихуана, електронска вага, предмети со траги од кокаин и пари.

За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Битола, до каде против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Филипче: Каде заврши милијардата евра од унгарскиот заем со кинески пари

Сообраќајна незгода во строгиот центар на Скопје, повреден мотоциклист

Загрижувачка здравствената состојба на Стевчо Јакимовски – по три операции направени се уште е во болница